Панорама дооел - Охрид

Е производител и преработувач на сите видови јатки, зрнести плодови, семиња, сушени овошја, зачини и житни плодови.

Создадена во 1989 г. како трговска компанија за да потоа се преструктуира во производстветно преработувачка.

Има сопствена дистрибуција во сите градови низ Македонија.
Во промет имаме пуштено преку 200 производи, а постојано се работи на развивање на нови односно ширење на асортиманот. Производите спаѓаат во групата на здрава храна. Нашето мото е „Природна и здрава храна“ – грицкајте и уживајте.

Извезуваме во повеќе држави како што се: бившите југословенски републики, Европска унија и САД.

Со гордост можеме да кажеме дека сме неприкосновени во оваа бранша и на овие простори.

Дистрибуција

Нашите производи се застапени низ цела Македонија во сите помали продавници и исто така големите супер маркети каде што Орбико групацијата има соработка.